Корпоративно управување

Мисија на ПРОМЕС:

  • Постојано фокусирање кон потрошувачите и задоволување на нивните потреби за месни и сувомесни производи.
  • Секогаш на нашите потрошувачи да им понудиме голем избор на здрави, свежи, квалитетни и проверени месни производи.
  • Со Промес купувачите секогаш прават "Одличен избор"

Визија на ПРОМЕС:

Да бидеме пазарен лидер во дејноста. Да освојуваме и плениме со врвниот квалитет и пристапот секаде каде што ќе се појавиме. Да пропагираме култура на исхрана која значи водење сметка за конзумирање на свежи, здрави и проверени производи. Ние сме компанија која води грижа за општеството, нашите потрошувачи, нашите вработени и сопствениците.

 
 
Историја за Промес

Промес е македонска компанија за производство и промет со месо и преработки од месо. Таа постои од 1992 година и во изминатите години на своето постоење успеа да прерасне во една од најсериозните комапнии во дејноста со која се занимава. Имено од мала компанија со само неколкумина вработени денес таа спаѓа во редот на 200-те најголеми компании во Република Македонија. Процесот на постојано усовршување и примена на најсовремените техничко- технолошки достигнувања се секојдневие во работењето на Промес. Според последното панел истражување спроведено во Македонија, Промес е компанија која се наоѓа на прво место по однос пазарниот удел во Македонија од областа на месните индустрии по волумен и вредност на продажба. Ова, пред се се должи на фактот што ние како компанија одлично ги познаваме спецификите на македонскиот пазар, културата, традицијата, вкусовите и барањата на потрошувачите и на тој начин успеваме на најдобар можен начин да им се приближиме на нашите потрошувачи задоволувајќи ги и барањата на најприбирливите потрошувачи.

Промес е приватна компанија која согласно Законот за трговски друштва е основана како ДПП (Друштво за производство и промет). Во Промес денес работат 250 луѓе со различен образовен профил и со различно образовно ниво зависно од работното место и од барањата за опслужување на тоа работно место. Тоа подразбира (касапи, технолози, економсити, продавачи, ВКВ работници и др.). Процесот на постојано доусовршување на вработените главно се одвива преку внатрешни обуки и работилници, посета на семинари и саеми во земјата и надвор од неа. Р.Македонија како земја е дефицитарна со стручен кадар од оваа дејност ( се мисли на оние кои се директно вклучени во производниот процес ) па затоа Промес како компанија благодарение на долгогодишното искуство самостојно ги реализира активностите за едукација на овој тип на кадри.

Производството во Промес се одвива по најсовремена технологија, по строго пропишани рецептури и начин на производство. За нашата одговорност и посветеност говорат и фактите дека нашите производи се од највисок квалитет. Тие постојано се тестираат во независни лаборатории кои се сертифицирани и овластени од државата за овој тип на контроли и истражувања. Промес е сертифицирана со HACCP (систем за безбедно производство на храна).

Вкупното работењето на Промес е поделено на неколку сегменти и тоа:

  • Продажба на свежо месо
  • Производство и продажба на свежи производи и
  • Производство и продажба на сувомеснати производи:
    • групација шунки
    • групација барени прозиводи
    • качена роба
    • кобасичарски производи.

За потребите на нашето производство сме директни увозници на суровини од Германија, Австрија и други држави. Со нашите партнери имаме долгорочни договори кои ни овозможуваат секогаш да имаме најдобар квалитет на суровини во доволна количина за да може да одговориме на сите барања од пазарот.

Со начинот како пристапува кон барањата на пазарот, со начинот на производство, дистрибуција и продажба Промес има создадено компаративни предности кои несомнено го прават да е прв, а тоа се:

  • Директен увоз на суровини за своите потреби
  • Сопствени производствени капацитети
  • Современа технологија за производство
  • Сопствена малопродажна мрежа (30 објекти низ Македонија)
  • Сопствена дистрибуција на производите до нашите клиенти со возила кои се комплетно опремени и климатизирани
  • Носител на HACCP стандардот.
 
 
Поврзани компании

Покрај основната дејност промет и продажба на месо и преработки од месо пред 4 години активностите се насочија кон проширување на полето на делување. Сето ова е со цел заокружување на понудата на потрошувачите како и искористување на предностите на поднебјето на Македонија. Оттука произлезе и основањето на Дивино, чија основна дејност е производство и трговија на алкохолни пијалаци произведени на база на грозје. Нашата цел беше да ја збогатиме трпезата со капка врвно вино и ракија од најубавото грозје од Македонија.

Водејќи се од потребите за развој и надградување на своето работење, ние во Промес се одлучивме да следното поле во кое ќе се развиваме е услужниот сектор. Оттука произлегуваат и нашите две нови компании:

Наше Такси

www.nasetaxi.com.mk

Food Group

www.foodgroup.com.mk

Со Наше такси идејата ни беше да поставиме нови, високи професионални стандради во превозот на патници, во што и успеавме за многу кус период. Наше такси е првиот избор на сите оние кои во градската гужва користат такси превоз. Но и не само тие туку и сите оние кои сакаат да го посетат најурбаниот ресторан од светски тип на самопослужување ресторанот Дивино, каде може да уживаат во прекрасната атмосфера со чашка пијалок од винаријата Антика или пак Витамин барот како и прекрасните неодоливи специјалитети од пекарата Кифла, гостилницата Три лукчиња, скарата Кај Злате, слаткарата Дуња и брзата кујна, а на крај да се засладите со кафе од прекрасната кафетерија. И после сето ова безбедно да се вратат дома со Наше такси 15152.

 
 
Сертификати

Работењето на Промес е сертифицирано со HACCP стандардот (систем за безбедно производство на храна). Сето ова покажува дека нашите производи се со еднаков стандарден квалитет.

HCCP Сертификатот
 
   DIVINO      Foud Group      Наше Такси